Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објави Јавен повик за изразување интерес за учество во базата на експерти на Ресурсниот центар кој е отворен за аплицирање до 15.12.2025 година.

„Со воспоставувањето на базата на експерти се создава динамичен и професионален механизам кој ќе овозможи општините да добијат навремена, стручна и таргетирана поддршка. Секој експерт што ќе се вклучи ќе има можност да сподели знаење, да работи на конкретни предизвици, да креира решенија и да даде видлив придонес во развојни процеси од локално значење.

Преку овој јавен повик, ќе се формира регистар на висококвалификувани експерти и практичари, кои согласно потребите на општините, ќе бидат ангажирани за различни видови на професионална поддршка: менторства, специјализирани обуки, теренски ангажмани, развој на алатки, подготовка на анализи, прирачници, стратегиски и оперативни документи и други форми на експертски придонес.

Областите на потребна експертиза се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко, опфаќајќи сектори кои имаат значајно влијание врз функционирањето на локалната самоуправа, подобрувањето на услугите кон граѓаните и креирањето на стратешки решенија за долгорочен развој.

Со овој јавен повик ги охрабруваме сите професионалци кои сакаат да имаат придонес, да работат на значајни процеси и да го споделат своето искуство, да се пријават и да бидат дел од оваа суштинска иницијатива за поддршка на јакнењето на локалната самоуправа“, велат од Министерството.

Повикот може да се најде на следниот линк:

https://mls.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-povici/javen-povik-za-izrazuvanje-interes-za-ucestvo-vo-bazata-na-eksperti-na-resursniot-centar-za-poddrska-na-razvojot-na-opstinite

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци