О. Прилеп: Пожарот е целосно под контрола, нема опасност за граѓаните, сомнежите се дека е подметнат

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во близина на железничката пруга, во непосредна близина на Стопанскиот двор на ЈКП „Комуналец“, денеска избувна пожар. Со брза и навремена интервенција на екипите на ТППЕ Прилеп и вработените во ЈКП „Комуналец“, со противпожарни возила и градежна механизација, пожарот е целосно ставен под контрола, истакнуваат во соопштението од Општина Прилеп.

„Најважно е да знаете дека нема опасност по платото за селекција на отпад, ниту опасност од понатамошно ширење на пожарот. Ситуацијата е целосно под контрола. По последните случувања во Прилеп, со право секој нов инцидент предизвикува загриженост кај граѓаните. За жал и за овој пожар постојат сомнежи дека можеби е намерно предизвикан, а за тоа последниот збор ќе го имаат соодветните институции.

До надлежните органи се доставени сите расположливи информации и докази и очекуваме во најкус можен рок да се утврдат причините и, доколку се потврдат сомнежите, да се откријат сторителите. Упатуваме апел до сите граѓани, да бидеме свесни, совесни и одговорни, да не шириме непроверени информации и да не создаваме непотребна загриженост помеѓу граѓаните.

Да си го чуваме нашиот град. Прилеп не смее да биде на удар. Благодарност до припадниците на ТППЕ Прилеп, вработените во ЈКП „Комуналец“ и до сите кои учествуваа во брзата, и професионална реакција“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци