На 30 и 31 октомври оваа година сите патишта водат во М. Брод. Се одржува настанот „Фестивал на костенот“ кој ќе трае 2 дена.
Првиот ден вечерта забавата ќе започне со ДЈ DIDDY, а потоа ќе настапи познатата група СУПЕРХИКС.
Наредниот ден во Домот за култура ќе се одржи изложбата „Златен Костен“, а потоа во парот кај пазарот ќе настапат 5 Културно уметнички друштав од М. Брод, Прилеп, Демир Хисар и Крушево. Покрај играорните друштва ќе настапи и групата „КАЛЕ“ од М. Брод.
Секако и двата дена посетителите ќе може да го вкусат и да си купат од познатиот Поречки костен, мед, домашни специјалитети, поречка ракија и друго.
