ООУ „Добре Јованоски“ од Причеп продолжува да биде пример за едно од најдобрите мултиетнички училишта во државава каде децата од најмали нозе се учат на толеранција и почитување на различностите, да другаруваат помеѓу себе, без никави предрасуди и пречки.

Петтоодделенците од ова прилепско училиште, кои ги имаше од различни етнички заедници, беа во 3 дневна забавно-едукативна посета на Крушево. Учениците посетија и се запознаа со голем број од кулурните знаменитости на овој наш историски град, како што се споменикот Македониум, музеите, Спомен домот на Тоше, старата крушевска чаршија, а имаа можност да ја погледнат и уникатната староградска крушевска архитектура.
Освен едукативниот дел учениците 3 дена се забавуваа и одмораа во една од крушевските вили.