Планинарите од „Трескавец“ успешно се искачија на врвот Триглав

Во многу сурови услови, со многу препреки и со ветар со огромна брзина, како и густа магла, група од 20 планинари од Прилеп од планинарското друштво „Трескавец“, заедно со нашиот сограѓанин Рубинчо Нешкоски кој 16 години живее во Словенија го освоиja врвот Триглав на надморска висина од 2864 метри.

Поради силниот ветар во одреден момент планинарите дошле до ситуација кога се дискутирало дали да се продолжи, но сепак мотивацијата да се искачи врвот преовладала.

 

„Поголемиот дел од патеката која водеше до врвот беше алпинистички терен, а за нас тоа беше уште поголема мотивација за да го освоиме врвот сите до еден“, велат планинарите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи