Повторно санкционирани прилепчани за управување на моторни возила без возачки дозволи

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Продолжуваат контролите, но и секојдневното санкционирање на луѓе кои управуваат моторни возила низ Прилеп, без притоа да ја имаат потребната возачка дозвола. Во текот на вчерашниот ден повторно беа санкционирани тројца од нив.

„На 13.08.2026 во 19:20 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Б.(38) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.Б., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

Само неколку минути подоца, во 19:30 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(46) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки,  управуван од А.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

Во 21:50 часот на ул.„Васко Карангелески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.Б.(41) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „мицубиши“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Х.Б., при што било констатирано било дека управува за време на активна мерка забрана, а притоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По документирање на настаните ќе следуваат соодветни поднесоци.“, велат од МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци