Поднесено обвинение против двајца прилепчани за кражби извршени во Скопје

 

 

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поднело обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела „тешка кражба”, како и барање за продолжување на мерката притвор, која на обвинетите им е претходно изречена.

 

Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

 

На 9 март 2020 година со употреба на погоден клуч-калауз во 10.00 часот провалиле во стан на бул. „Јане Сандански” во Скопје. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300,00 денари од кои златни парчиња накит во вредност од  103.550,00 денари и парични средства во вредност од 67.750,00 денари.

 

Дента, на ист начин, околу 11.30 часот провалиле во стан во близина, каде одзеле златен накит во вредност од 91.350,00 денари и парични средства во висина од 49.200,00 денари, се во вкупна вредност од 140.550,00 денари.

 

„Јавниот обвинител ги зеде предвид околностите во кои биле извршени кривичните дела, како и постоењето на опасност од бегство или криење на обвинетите, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерките притвор, кои на обвинетите претходно им беа веќе определени“, се наведува во соопштението од ЈОРСМ

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира