Поевтини цени на горивата од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе се намали за 1,5 денари, и од утре ќе се продава по 83 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се изнесува 85,5 денари, што е намалување за 1 денар. За 1 денар ќе има намалување на цената на ЕУРОДИЗЕЛ и ќе се продава по 73 денари по литар.

Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар и ќе се продава по 72,5 денари, а мазутот поевтинува за 0,3 денари и ќе се продава по 42,6 денари по килограм.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира