Поевтинуваат цените на горивата од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел од полноќ се намалуваат за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

За половина денар, пак поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство.

Така, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 74 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 76 денари, а Еуродизел за 70,50 денари.

Екстра лесното масло за 70,50 денари за литар.

Мазутот поевтинува за 0,746 денари и еден килограм ќе чини 39, 412 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми