Поетско музичката манифестација „Љубов и вино“ во петок во Цепенков

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 14 февруари 2025 од 18.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп.

„Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, што стана веќе традиција. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме св. Трифун и св. Валентајн – Денот на вљубените“, вели Андријана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп.

На манифестацијата  со љубовна поезија ќе се претстават 25 поети од Клубот, а лирски музички звуци ќе презентираат ученици од ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми