Пожари на повеќе локации, ова е состојбата до утрово до 8.30 часот

Facebook
Twitter
Email
Print


Состојба со активни пожари до 8.30 часот на ден 11.8.2021:

Пожарот кој започна на 02.08.2021 година  на м.в. Бeјаз Тепе  е локализиран. 

На терен  се 100 припадници на АРСМ,  Екипа од Бугарија со 5 ПП возила и 37 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со 4 теренски возила со цистерни и 6 теренски возила за превоз и 45 вработени, ТППЕ Берово  со 3  ПП возила  и 7 пожарникари, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна   и 5 вработени,  РЦУК Берово 2 вработени,  40 луѓе од месното население. На терен е и екипата од Словенија, како и екипата од Австрија.Пожарот во атарот на с.Будинарци  е ставен под контрола и е локализиран. Екипите работат на негово расчистување.

Пожарот кај Раовиќ – Буковиќ каде на неутврдена површина гори мешана шума, во текот на вчерашниот ден врз пожарот е дејствувано воздушно ( авионски ) во 3-4 наврати.

Исто така од земја е интервенирано со 20 – тина војници на АРСМ и 20 – тина припадници на ДЗС. возила.

Од Ловиштето Јасен бевме известуваат дека пожарот од Раовиќ се префрлил на  територијата на Ловиштето Јасен.

На дежурство во селото Раовиќ  биле испрaтени 2 ПП возила со 5 пожарникари. Истата екипа кракот од пожарот кој се спуштал кон селото во 02:00 часот го угаснала. Другите краци  на пожарот се уште  горат.

На пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, од земја е дејствувано со 10 вработени и од страна на БППЗ  со една екипа 1 ПП возило и 4 пожарникари и  20 припадници на АРСМ. Фронтот на пожарот е насочен кон с. Средно Коњаре . Интензитетот на горење моментално е намален  но состојбата може  наеднаш да се промени.

Пожарот во атарот на селата Топлица, Ракле и Никодин е се уште активен во делот од Топлица према село Крстец во тешко пристапен терен.

Во текот на вчерашниот ден интервенирале 6 работници од ЈП Национални Шуми – „Црн Бор“ – Прилеп. Во текот на денот  немало поддршка за гасење со воздухоплови. ТППЕ – Прилеп не извести дека не испратиле екипа на овој пожар во текот на денот. За состојбата со пожарот од страна на РЦУК – Прилеп известени се ЕЛС – Прилеп, ДЗС – Прилеп, МВР – ПС Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира