Покана до сите граѓани, да ја зачуваме традицијата и сите заедно да ја прославиме гарадската слава Св. Никола



Со гордост и радост ве покануваме да присуствувате на прославата по повод градската слава Св. Никола, која ќе се одржи во четврток, 19.12.2024 година, а на која домаќин е токму Локалната самоуправа на Општина Прилеп!

Програма на настанот:

  • 08:00 часот – Божествена архиерејска литургија во црквата Св. Благовештение
  • 11:00 часот – Литија во чест на Св. Николај Чудотворец Архиепископ Мириклиски
  • 11:30 часот – Водосвет и прережување на празничниот колач пред Параклисот во центарот на градот
  • 12:00 часот – Традиционална трпеза за сите граѓани на плоштадот „Александрија“.

Да го одбележиме заедно овој значаен ден, да ја зачуваме традицијата и да ја покажеме силата на заедништвото. Добредојдени сте сите! Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи