Полицаец пријавил дека некој му го украл службеното оружје од полициската станица во Крушево

На 01.03.2025 во 08.00 часот  во ОВР Крушево М.Х.(38) од  Крушево, вработен како полициски службеник во ОВР Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, кој пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР  Крушево му бил одземен службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи