На последната седница одржана на 26 јануари, Владата ја одобри Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 година на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), која во делот на инвестициите оваа година има буџет повисок за 4.000.000.000 денари во однос на минатата година.
Врз основа на Законот за јавните патишта, Јавно Претпријатие за државни патишта носи годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта, со која се спроведуваат целите и задачите од петгодишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта.
ЈПДП сè уште ја нема објавено програмата за годинава, па останува да почекаме за да видеме за што ќе бидат искористени овие нови средства.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)