Заради влошувањето на состојбата со вирусот Ковид-19 во општината, а во насока на зачувување на здравјето на граѓаните и своите вработени, Општина Прилеп започна да работи со редуциран капацитет.
Имено, приемното одделение и одделението за администрирање на даноци при ЕЛС Општина Прилеп, ќе бидат времено затворени за работа со странки.
Граѓаните ќе можат да ги доставуваат своите барања за документи и други услуги поврзани со општинските одделенија, преку пошта на адресата на Општина Прилеп, ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1 Прилеп и преку преку праќање на е-маил на следната електронска пошта: prilep@prilep.gov.mk
За сите наредни измени во работата и функционирањето на службите во рамки на Општина Прилеп, граѓаните ќе бидат навремено информирани.