Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите: Се воведуваат и казни за родителите

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Пет министерства, заедно со партнерски установи, невладини организации и пратеници од Националната работна група за превенција на насилство кај младите, денеска потпишаа Декларација за намери за превенција на насилство кај младите. Оваа група работи со директна поддршка на ОБСЕ, а потпишаниот документ треба да поттикне позасилена заедничка акција за справување со овој голем општествен предизвик.

Потписниците потврдија дека приоритетно ќе се заложат за градење на безбедна училишна средина, едукација за ненасилана комуникација, превенција во спортот, дигитална безбедност, ментално здравје и психосоцијална поддршка, како и за посилна координација и одговорност меѓу надлежните институции. Во рамките на иницијативата се вклучени министерствата за образование и наука, за спорт, за внатрешни работи, за социјална политика, демографија и млади, како и за дигитална трансформација.

Во своето официјално обраќање, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска посочи дека насилството меѓу младите отсекогаш постоело, но дека главна задача е тоа да се сведе на што е можно пониско ниво. Таа додаде дека механизмот за справување со врсничкото насилство е значително унапреден во изминатите две години.

„Направивме законски зміни согласно кои, училиштата се должни во своите годишни програми за работа да планираат и програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слични активности за подигнување на свеста за мирна и хармонична училишна средина во која ќе има меѓусебно разбирање и почитување. Ги зајакнавме стручните служби со ангажирање на кадар онаму каде недостигаше и со обуки за вештини зa превенирање насилство, а ги вративме дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и во дворовите“, рече министерката.

Јаневска исто така потсети дека во соработка со приватниот сектор веќе се изработени и два прирачници наменети за наставниците и стручните соработници, кои нудат ефективни одговори од праксата за справување со врсничкото и сајбер насилството.

На крајот, министерката стави посебен акцент на семејното опкружување и на новите законски решенија кои се наоѓаат во процедура.

„Младите не стануваат агресивни во училиште, туку агресијата ја носат однадвор или поточно – најчесто од семејството. Во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште“, додаде Јаневска, информирајќи дека многу скоро ќе започне и мултиресорска кампања за справување со семејно и врсничко насилство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци