Почина и Панчо од ДНК – 63 жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби ноќта на 16 март 2025 година во пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК.

Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и повреди на дишните патишта. И покрај напорите, тој не успеал да се спаси. Официјални информации за тоа како се влошила здравствената состојба засега нема.

Тој е 63 жртва на страотниот пожар во дискотеката пулс, каде што имаше и над 190 повредени. Панчо е деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот, а покрај него на повредите подлегнаа и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми