ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Согласно предвидувањата во Посебните планови за стопанисување со шуми ПШС Липа – Крушево заврши со есенското пошумување на 12ха голини, во ШСЕ Мечкин Камен-Дивјаци, оддел 70, како и во ШСЕ Бирино Селце во одделите 49 и 53 во рамки на голини.
Пошумени се вкупно 28.500 броја на садници од кои: 22.500 садници од бел бор, 4.000 од даб и 2.000 садници од бука. Во пошумувањето беа вклучени вработените во шумското стопанство, кои исто така, континуирано ја подготвуваа и површината за пошумување со сопствена механизација. Со пошумување е отпочнато крајот на месец Октомври.
ЈП Национални шуми преку сите акции за пошумување, освен зголемувањето на зелените површини има за цел да ја подигне еколошката свест кај населението за поголема грижа за шумите како природно богатство за нас и идните генерации.