По 16 пат во Прилеп ќе се одржат Бадниковите поворки под мотото „Со Божиќната радост, срца да стоплиме“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

И оваа година повторно, по 16-ти пат, се организираат возобновените Бадникови поворки во Прилеп, овој пат под мотото „Со Божиќната радост, срца да стоплиме“. Интересот за поворките е се поголем од година во година, што го докажува годинашното пријавување на преку 300 дечиња.

Поворката започнува од Камената бина во 12:30 часот на 06.01.2026 каде што децата ќе се соберат и ќе тргне најголемата поворка до сега. Поворката ќе започне од Камената бина, кон параклисот на Св. Никола, покрај пицеријата „Леоне“, кон пешачкиот премин кај аптеката „Зегин“, низ старата чаршија, потоа кон плоштадот, покрај Участакот, кон „Сетек“, кон НУЦК Марко Цепенков и повторно ќе се вратат на Камената бина. Тука ќе ги отпеат песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рожденство Христово”.

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.

Дечињата ќе бидат симболично наградени по завршувањето на поворката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми