Првиот човек на УМС на ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка

Facebook
Twitter
Email
Print

По примерот на сопартијката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, Лука Кржаловски се повлекува од функцијата претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Кржаловски, покрај другото од образложението за оставката се забележува дека е видно разочаран од дејствувањето на неговата партија а вели дека забележува  континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори кои, како што пишува „сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во пошиокиот балкански регион“.

 

„Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – ЕПП. А друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство“, потенцира Кржалоски.

 

Кржалоски беше избран за претседател на УМС во март годинава, на предлог на актуелниот Централен Комитет на партијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци