Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Вистински „бејби бум“ се случил изминатите два дена Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ во Прилеп.
Само во последните десет часа на Одделението за гинекологија и акушерство на свет дошле седум новороденчиња, додека во последните два дена се родиле вкупно 12 бебиња.
Од болницата посочија дека овој прекрасен бран на нов живот е потврда за посветената работа на тимовите од Одделението за гинекологија и акушерство и Одделението за неонатологија, кои со љубов, грижа и професионалност се грижат за мајките и нивните најмали.
Воедно на сите семејства им упатија честитки за најголемата животна радост, а на новороденчињата им посакаа здраво, среќно и безгрижно детство.