Преку „Книга за есента“ најмалите од ООУ Добре Јованоски се запознаа со годишното време есен

По повод Месецот на книгата децата од Дневниот престој и II-5 одделение од ООУ Добре Јованоски од Прилеп изработија едукативна книга насловена „Книга за есента“.

 

Покрај книгата, децата одржаа работилница под менторство на наставниците Викторија Бошкоски и Вера Чакмакоска, каде што учениците цртаа, боеја, драматизираа, рецитираа, пееја, играа.

 

Преку сите овие активности, на креативен начин најмалите се запознаа со есента и го проширија своето знаење за ова годишното време.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира