Премиерот Спасовски и министрите Османи, Филипче и Адеми одат во домашна изолација

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми, како и Владимир Милошев, државен секретар во министерството за здравство од денес се во самоизолација, по информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со кој вчера имаа состанок во општинската зграда, е позитивен на коронавирусот.

 

„Во овој момент се прават епидемиолошки проценки во Куманово од страна на локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување., соопштија од Владината прес служба.

 

Тие денес не присуствуваа на седницата на Советот за безбедност, која се одржа кај шефот на државата Стево Пендаровски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира