Претрес во Прилеп – пронајдена дрога и приведено едно лице

На 13.09.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(20) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги и предмети со остатоци од марихуана.

М.Г. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него  ќе следува соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми