Претставата „За нас почнува живот“ – современа трагикомедија за човекот кој сонува ќе биде изведена на „Сцена 105“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

„За нас почнува живот“ е современа трагикомедија за човекот кој сонува…што ќе биде изведена в понеделник од 20.00 часот на „Сцена 105“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

„За нас почнува живот“ не се занимава со големите наслови на светот – туку со тишината меѓу двајца, со зборовите што не се кажани, со љубовта што опстојува и кога е скршена… Оваа претстава не е бајка. Таа е огледало. И во тоа огледало не се гледа совршенство, туку мали луѓе со големи соништа, заробени меѓу идеали, разочарувања и трагање по среќа. Автор е Ѓерѓ Шпиро, режијата е на  Дејан Пројковски, улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви. Автор на музиката е Горан Трајкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми