Прилепскиот параглајдерист Мартин Јованоски уште еднаш докажа дека е број еден во овој спорт во светски рамки. Тој го освои првото место на Светскиот куп во прелети кој се одржа во Јужна Кореја. Ова е втор Светски куп за сезоната 2022 кој го освојува Јованоски, после оној во Турција во Аксаре. Инаку Јованоски е во Кореја по покана на сопственииот на Gin Gliders Inc., една од најпознатите компании во светот за производство на опрема за параглајдери.