Денес во Гевгелија започна втората одбојкарска сезона во ветеранска конкуренција. Оваа година лигата брои осум екипи, а Прилеп има свој претставник во екипата на „11 Октомври ветерани“. На денешниот прв натпревар нашата екипа забележа триумф против екипата – домаќин Гевгелија со 2:0 (25:19, 25:20) во сетови и со тоа ги освои првите бодови годинава.

Прилепската екипа настапи во следниот состав: Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Зоран Пилоски, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски и Гоце Бурнески.
Второто коло е на програмата за седум дена во Струмица каде што нашата екипа, повторно ќе игра со домаќините.
Потсетуваме, минатата година 11 Октомври ветерани играше на фајнал фор турнирот.