Прилепското село Витолиште 4 дена без струја, жителите се жалат дека целата храна им се расипала, бараат помош од надлежните

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Половина од селото Витолиште, кое се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово 4 дена е без струја. Пред 2 дена едниот дел од селото добил струја, а додека преостанатите жители се оставени без никаква помош. До редакцијата на Инфо Компас се пожалија дека целата храна им се расипала затоа што не им работат фрижидерите на овие големи горештини.

Иако постојано барале од ЕВН да го санира дефектот, екипи не доаѓале. Бараат помош од надлежните институции, велат дека срамота е во 21 век жителите во руралните средини да немаат основни услови за живот, а и тие исто како и оние во градот редовно си ги подмируваат своите обврски и кон ЕВН и кон државата.

Прашуваат како ќе се врати животот на село со ваков однос?

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми