Од 1ви до 5ти Октомври во Drôme Ardèche во Франција се одржува Европско првенство во друмски велосипедизам.
На 3ти Октомври на јуниорската друмска трка Константин Костоски ќе ги брани боите на Македонија.

Трката започнува во 15:35 часот, истата е со должина од 103.4 км. И има 2000метри елевација, што ја прави патеката многу тешка.
Стартуваат 150 јуниори од 38 држави.
Константин е единствен претставник на нашата земја.
Да му посакаме успех!