Прилепчанец најнов добитник на BMW X1 до инстант лотаријата Мини и Макси

 

Игор Стојчевски од Прилеп е најновиот добитник на автомобил BMW X1 од инстант лотаријата Мини и Макси. Клучевите од својот нов автомобил ги доби во салонот на М-Кар од Маријана Станојковска и тимот на Државна лотарија.

 

Од Државна лотарија наведуваат дека Игор е верен играч на инстант лотаријата и за тоа за секоја пригода не пропушта да додели и Среќа Плус на своите најблиски. Патувајќи во Виница на свадбена свеченост, решил да ги израдува младоженците со пакет инстант лозови Мини и Макси. При тоа од продажното место во Виница ВИ ВАРДАР купил осум лоза за младоженците и два лоза за себе. Своите лозови ги оставил во џебот на палтото и заминал на свадбата. Дури после две седмици му текнало дека во џебот му останале лозовите неизгребани, а веднаш потоа следело и изненадувањето со трите симболи на BMW X1 кои му го донесоа новиот автомобил.

 

Инстант лотаријата Мини и Макси нуди многу парични добивки, пет автомобили Mini One и 10 автомобили BMW X1.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци