На 27.06.2021 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, патничко моторно возило „форд фокус“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(26) од Битола, удрило во пешак Г.Р.(46) од Прилеп, велат од МВР.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.