Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
После повеќе години, заврши изградбата на капелата која се градеше на старите градски гробишта. Капелата денеска на симболичен начин беше предадена од страна на Здружението за заштита и обнова на старите градски гробишта Прилеп и Варош на Локалната самоуправа.
„Во името на Општина Прилеп упатувам искрена и длабока благодарност до членовите на Здружението, кое е основано во 1992 година и активно делува од 1998 година. Нивната упорност, визија и посветеност во изминатите децении резултираа со реализација на сите поставени цели — вклучувајќи го и овој значаен објект. Вашата општествена одговорност е пример за сите нас. Остануваат уште неколку административни постапки кои треба да се довршат од страна на Локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“, по што објектот ќе биде официјално ставен во функција“, рече градоначалникот Борче Јовчески.







\

