Прилеп достоинствено и гордо го прослави Денот на независноста на Македонија


Со полагање свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ,  Методија Андонов-Ченто и на Могилата на непобедените, Прилеп  го одбележа Денот на независноста на Република Македонија, 8 ми Септември.

Честитајќи им го на граѓаните најсветлиот датум од современата историја на Македонија 8-ми Септември, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески ја истакна важноста на меѓусебното почитување и заедничкиот пристап за зачувување на интегритетот и независноста на државата создадена пред 31 година како суверена, самостојна, независна и демократска држава.

 

 

 

„Со намера да бидеме свои на своето на 8 септември 1991, одговорно, храбро и решително го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија. Празнувајќи денес, исто така оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти на браникот на татковината! Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува! Сега е време сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија. Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на Независноста!“, рече при оваа прилика, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Покрај делегацијата предводена од градоначалникот на општина Прилеп, цвеќе положија претставници на Сојузот на борци и преставници на политички партии.

 

0

 

 

0

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи