Прилеп станува дел од современ регионален систем за управување со отпад по европски стандарди

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Општина Прилеп е дел од современиот регионален систем за управување со отпад, за почиста и поздрава животна средина!

„Денес, заедно со колегите градоначалници од пелагонискиот и југозападниот регион, учествував во формирањето на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО). Со потпишувањето на овој значаен договор, направивме решителен чекор кон воспоставување координиран, модерен и ефикасен систем за управување со отпад по европски стандарди. Нашата цел е јасна, повисок квалитет на услугите, чиста и здрава животна средина и современи решенија за сите граѓани на Прилеп и Пелагонија. Преку МОУО ќе работиме заеднички на решавање на проблемите со дивите депонии и на подобрување на целокупниот процес на управување со отпадот. Настанот беше во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Министерството за локална самоуправа и SALAR International. Благодарност до институциите и нашите партнери за поддршката и заедничката визија. Продолжуваме посветено да работиме за почист Прилеп и подобар живот за сите наши сограѓани“, вели Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми