Прилеп сè појасно се позиционира како лидер во државата за селекција и современо управување со отпад

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Денеска во Прилеп беше реализирана посета на фабриката за селекција на отпад кај Алинци, во која учествуваа амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, претставници од амбасадата, шведската асоцијација SALAR и работната група од Општина Прилеп.

Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека Прилеп сè појасно се позиционира како лидер во државата за селекција и современо управување со отпад, како резултат на континуирана работа и меѓународна соработка.

Амбасадорот Сулстром исто така го нагласи значењето на Прилеп и Пелагонискиот регион како водечки во имплементацијата на вакви проекти, со цел унапредување на системот за управување со отпад на национално ниво.

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Паралелно, интензивно се работи на реализација на регионалната депонија во Новаци, во чии рамки е предвидена и изградба на претоварна станица овде во Прилеп, во непосредна близина на фабриката за селекција. Таа ќе овозможи отпадот од повеќе општини ефикасно да се транспортира до регионалната депонија, што е значаен чекор кон модерен и одржлив систем.

„Сакам да ја информирам прилепската јавност дека веќе утре се очекува пристигнување на уште едно од вкупно осумте нови возила за јавното комунално претпријатие „Комуналец“, преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во моментов работиме и на обезбедување на електрично напојување до фабриката. Не сакам да давам рокови, но сигурен сум дека сме блиску до моментот кога фабриката ќе биде ставена во функција.

Со нејзиното пуштање во употреба, не само што ќе ги задоволиме потребите на Прилеп, туку ќе овозможиме и комерцијални услуги за селекција на отпад за соседните општини“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира