Продаден „Форд ескорт“ автомобилот кој и припаѓал на Лејди Ди

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

„Форд ескортот“ што некогаш ѝ припаѓал на Дијана, принцезата од Велс, вчера бил продаден на аукција во Велика Британија, за околу 61.000 евра. Новиот сопственик е музеј во Јужна Америка.

Лејди Ди ја добила оваа светло-сива лимузина како подарок за веридбата, од принцот Чарлс во мај 1981 година, 2 месеци пред венчавката во јули. Таа престанала да го користи автомобилот кратко по раѓањето на нивниот син Вилијам во 1982 година, а возилото тогаш го купи колекционер за околу 7.000 евра.

Автомобилот сè уште ја има оригинална регистрација, како и бојата,  покажува околу 130.000 минати милји (скоро 210.000 км).

Луис Рабет од аукциската куќа рече дека купувачот е засега неименуван музеј од Јужна Америка.

„Oва сведочи за нивото на интерес за принцезата Дијана во Јужна Америка, како и за трајната трага што ја остави принцезата таму“, рече тој.

Автомобилот, првично бил проценет на цена меѓу 35.000 и 45.000 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира