Проданоски: Ќе има голема соработка помеѓу Општината и градежниот сектор, Прилеп ќе се развива со темпо што ќе го задржи секој млад човек дома

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Остварив средба со претставници на прилепските градежни компании, луѓето кои секојдневно го обликуваат ликот и развојот на нашиот град. Разговаравме отворено за состојбите во градежниот сектор и за можностите како заедно да создадеме поефикасна, транспарентна и фер градежна политика, вели Дејан Проданоски, кандат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.
„Градежниците се двигатели на секој развој. Тие се партнерите со кои Прилеп ќе продолжи да се гради, со уредна инфраструктура, современи населби и подобри услови за живот на сите генерации. Верувам дека со вистинска соработка помеѓу локалната самоуправа и градежниот сектор, Прилеп ќе се развива со темпо што ќе го задржи секој млад човек овде, дома. Заедно, ќе го градиме новиот Прилеп, град по мерка на сите граѓани. Тоа е вистинскиот избор“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми