Голем турнир во табла во Прилеп на 22 и 23 Ноември – еве како да се пријавите и кои се условите



Почитувани ТАБЛАЏИИ и БЕГЕМОНЏИИ од Прилеп и пошироко, спортскиот клуб за табла Ебаго Таблаџии и кафетерија MyPlace Prilep, со поддршка од Општина Прилеп имаат чест и задоволство да Ви го најават големиот турнир во табла во Прилеп кој ќе се одржи на:

22 и 23 Ноември 2025 година (Сабота и Недела).

На турнирот ќе има вредни награди за сите четвртфиналисти како и парични награди за:

  1. Прво Место-парична награда
  2. Второ Место-парична награда
  3. Трето Место-парична награда

Пријавувањето ќе трае од 10 Ноември до 20 Ноември, натпреварувачите можат да се пријавуваат секој ден во кафетерија @MyPleace Prilep до 09:00 часот до 24:часот.

Котизација т.е. учество на турнирот е 300 денари која се уплаќа одма со самото пријавување на натпреварувачот.

ПРАВИЛА НА ТУРНИРОТ:

  • Дуелот пред да започне и натпреварувачите фрлаат секој по една коцка и поголемата коцка има право да одбери со кои пулови ќе игра и од која страна ќе почнат
  • Фрлањето на коцките ќе биде од рака
  • Коцките ќе се фрлаат во едната половина од таблата
  • Коцката на пул ќе се важи
  • Во текот на една партијата едниот на другиот натпреварувач ќе можи да му ги пресечи заровите најмногу 3 пати
  • Дуплите на втората партија ќе важат после првото фрлајне т.е. од втора рака
  • Ќе се игра до пет добиени(обична еден поен, марс два поени)
  • Полуфиналината и големото финале ќе се играат до 7 поени(обична еден поен, марс два поени)
  • Натпреварувачите ќе бидат поделини во групи од 5 или 7 натпреварувачи во зависност од пријавените, и за тоа дали ќе одат првите двајца или првите тројца ќе зависи исто така од бројот на пријавени
  • Во случај на ист број на вториот, третиот и четвртиот првин ќе одлучува поен разликата, ако е иста поен разликата ќе одлучува меѓусебниот дуел, во краен случај ќе се направи мини табала измеѓу тројцата
  • За секоја друга спорна ситуација ќе одлучи организаторот

Исто така ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до спонзорите:

Pizza Bar Academy

JK Travel Prilep

Гостилница Еснаф

Македонска Куќа ЛАКИ

Галерија Прилеп

Спортска обложувалница ЕВРОТИП

Мое Пазарче

New York Boutique

Како и медиумски покровители ќе бидат:

Инфо Компас

kotlina.mk

OTV

Лице за контакт:

Васко Ац Милан Смилески 078-328-233

Ljupco Bube 070-257-300

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира