Денеска, 3 април (петок), во 18:00 ч. во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде проморан најновиот роман на Венко Андоновски, „Александар јава на запад“. Ова дело влезе во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“. Во меѓувреме доживеа и второ издание.
Промоторка на настанот, ќе биде Габриела Стојаноска-Станоеска, поетеса, раскажувачка и критичарка од Прилеп, добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“ и на повеќе награди за краток расказ, меѓу кои и на конкурсот на „Нова Македонија“.
Најавувајќи го својот роман, Андоновски рече:
„Ќе се смеете до солзи, ама нема секогаш да знаете и дали додека ви течат солзи од смеа, сепак плачете над бедата на историјата, над денес понижените херои и над паднатиот човек.“