Промоција на книгата „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Утре напладне во 12 часот во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде промовирана најновата книга на новинарот, политолог и дипломат, Емил Крстески. Промотор на настанот ќе биде проф. д-р Александар Прокопиев.

„Емил Крстески е новинар, политиколог, прозаист и сликар, доктор по политички науки (меѓународни односи). Досега има објавено шест книги од областа на надворешната политика и меѓународните односи и две збирки раскази: „Три дена во Париз“, (преведена на српски јазик и промовирана во Нови Сад, во Шибеник и во Прага), и „Флик ен флак“. Има реализирано и три самостојни изложби, а учествувал на две групни изложби. Уште од гимназиски денови објавува поезија и проза во наши дневни и неделни весници и списанија. Бил надворешно-политички новинар и уредник во МТВ, во дневниот весник „Нова Македонија“ и во политичкиот неделник „Пулс“, дописник на ТАНЈУГ, државен советник за меѓународни односи и соработка во Кабинетот на Претседателот на Собранието на Македонија, директор на Државниот архив и наш вонреден и ополномоштен Амбасадор во Чешката Република, со седиште во Прага. Четири години живее во Стразбур, Франција, каде што ги следи сесиите на Европскиот парламент и три години во Њујорк,САД, каде што работи врз докторската дисертација.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира