Јунската просечна нето-плата изнесува 48.381 денари, објави Државниот завод за статистика. Но, во мај таа изнесуваше 49.544 денари, што значи дека се намалила за 1.163 денари, или за 2,3 проценти на месечно ниво. На годишно ниво, статистичарите пресметаа раст од 6,4 проценти во однос на ланскиот јуни.
Статистичарите го пресметуваат и влијанието на инфлацијата врз платите и даваат стапки за реален раст, односно пад на платите. На месечно ниво, реално, просечната нето-плата се намалила за 1,9 проценти, а на годишно, реална се зголемила за 3,4 проценти.
ДЗС за јуни евидентирала најниска просечна нето-плата од 34.200 денари во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а највисока во секторот Информации и комуникации – 88.262 денари.