Просечната плата во јули изнесува 28.540 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28 540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), Уметност, забава и рекреација (14.2 %) и Други услужни дејности (13.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.3 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42 627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми