Просечната цена на струјата за домаќинствата зголемена за 0,2 % во првото полугодие

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од годинава е зголемена за 0,2 проценти во однос на второто полугодие лани.

Според објавените податоци од ДЗС, просечната цена на струјата во првото полугодие од годинава изнесувала 5.156 денари по киловат часови.

„Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.565 до 7.575 денари по KWh по групи на потрошувачи“, стои во соопштението од ДЗС.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од годинава се движела од 12.665 до 23.017 денари по нормални метри кубни по групи на потрошувачи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми