Протоколарна средба на амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Н.Е. Метју Лосон во Општина Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Денес во Општина Прилеп се оствари протоколарна средба помеѓу градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски и амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Н.Е. Метју Лосон. На средбата присуствуваше претседателката на Советот на Општина Прилеп и пратениците од Прилеп во Собранието на Република Македонија.

„На амбасадорот и претставниците на амбасадата им ја претставив моменталната состојба и потенцијалите на нашата општина, бизнис климата која ја унапредуваме, тековните и планираните инфраструктурни инвестиции, како и сите поволности што во рамки на локалните ингеренции можеме да ги понудиме на идните инвеститори. Го истакнав и она на што Прилеп отсекогаш се гордеел: традицијата, вредностите и квалитетот што можеме да го понудиме на Европа.

Од страна на амбасадорот беше презентирана работата на Британската бизнис асоцијација, со јасна определба за зајакнување на деловните врски и поголема поврзаност помеѓу компаниите, можност што отвора пат за нови инвестиции во нашиот регион.

Заедно со присутните пратеници ја отворивме и темата за Договорот за стратешко партнерство помеѓу двете влади, чија реализација опфаќа и капитални проекти од огромна важност, меѓу кои и изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, инвестиции што ќе донесат силен развоен импулс за Прилеп и поширокиот регион.

Продолжуваме да ги зацврстуваме и продлабочуваме нашите билатерални односи и да работиме на подобрување на условите за живот, развој и економски напредок на сите наши сограѓани“, истакна Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми