Работна посета во Австрија за подобрување на социјалните услуги во Прилеп

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Ја започнавме нашата работна недела во Република Австрија, заедно со претставници од Центарот за развој и едукација од Прилеп, колеги градоначалници од повеќе општини од Македонија, претставници на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, како и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп, изјави денес градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Овој значаен проект, поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи, ќе го донесе пилотирањето на новата социјална услуга „Медицинска сестра во заедницата“ за првпат во нашата држава и во нашиот град Прилеп. Целта на оваа услуга е да овозможиме медицинска нега за лица и семејства кои се наоѓаат во социјален ризик.

Во текот на посетата ќе оствариме средби со водечки организации и институции во Австрија кои обезбедуваат социјални и здравствени услуги. Преку размена на знаења и искуства, ќе ги проучиме успешните практики за нивна примена во нашата заедница.

Со оваа иницијатива, заедно со партнерите од Австрија, работиме на создавање иновативни решенија и подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги за сите наши граѓани.

Посветено продолжуваме да работиме за доброто на Прилеп!“, истакна Јовчески.

Посетата е дел од проектот TRANSACT: Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира