Ракетата на Маск експлодира по четврти пат

И четвртиот пробен лет на ракетата „Старшип“ на компанијата „Спејс Екс“ се покажа неуспешен, а прототипот се урна, потврди основачот на компанијата, Илон Маск на „Твитер“.

„Ќе дознаеме што се случило кога ќе ги истражиме остатоците подоцна во текот на денот“, рече Илон Маск, додавајќи на шега: „Барем кратерот е на добро место!“

Третиот прототип на ракетата Старшип на американската вселенска компанија Спејсекс експлодираше на почетокот на март по она што се чинеше како успешен лет и слетување. Претходните два тест лета завршија со пад при слетувањето.

Основачот на приватната вселенска компанија „Спејс Екс“, милијардерот Илон Маск, ја развива следната генерација на ракети „Старшип“ со цел заминување на Марс и Месечината. Ракетата „Старшип“ е во срцето на амбицијата на Маск да ги направи летовите во вселената подостапни за луѓето.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци