Во периодот од 17 мај до денеска, регистрирани се вкупно 105 нови случаи на морбили, а вкупната бројка на досега заболени изнесува 1.625 пациенти, информираат од Институтот за јавно здравје.
Меѓу нив, 77,1 процент се невакцинирани, или пак, вакцинирани со една доза, но и лица за кои нема податоци за вакциналниот статус.
„Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата“, истакна Жарко Караџовски, доктор во Институтот за јавно здравје.
Ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години.