Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата, бројката се искачи на 201

 

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

 

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

 

– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

 

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат.

 

Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира