Пратеникот Кастриот Реџепи не се појави во четвртокот кога беше закажана седницата за гласање доверба на владата.
Тој беше потпишан на иницијативата за гласање на недоверба, но по неколку часа откако не се појави во Собранието, објави видео на Фејсбук во кое рече дека нема да дојде да гласа во Собранието.
Потоа партијата Беса, чиј член беше Реџепи, го исклучи од партијата.
„Мирен со чиста совест и сигурен дека нема поголема доблест да избереш својата земја да ја водиш на патот на заедништвото, патот на НАТО и ЕУ. Во интерес на својата земја самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата со цел земјата да не замине по патот на назад“, изјави Реџепи.
Реџепи, на прес-конференција им честита на сите граѓани за тоа што, како што рече, земјата уште еднаш го избрала вистинскиот, западниот пат по кој оди.
„Се надевам дека во деновите кои следат разумот ќе надвладее. Верувам дека се можни мостови и јас верувам дека ќе бидам еден од тие мостови. Сега е потребно решавање на проблемите на државата“, порача Реџепи.