Ристески: Треба да се поддржи секој закон што го штити здравјето, вклучително и оној против пушење

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска истакна дека секој закон кој е во насока на заштита на добросостојбата на граѓаните заслужува поддршка. Тој ова го изјави за време на своето присуство на еден настан во општина Кисела Вода.

Повод за неговите изјави беше прашањето дали се планира состанок со претставниците на угостителската дејност во врска со најавениот закон против пушење.

“Новиот закон кој се однесува на забраната за пушење е во делокруг на надлежностите на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд,” нагласи Ристески.

Тој додаде дека “дефинитивно ќе се одржат средби со угостителите, како и со други засегнати страни, со цел тие, пред сè од страна на Министерството за здравство, да бидат информирани за новиот закон.”

“Сметам дека треба да постои поддршка за секој закон кој пред сè го заштитува здравјето на нашите сограѓани и дека треба постепено законската рамка да ја усогласиме и прилагодиме на европските законски норми,” одговори Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми